Дали неработната недела повторно стана работна: Се повеќе отворени објекти на денот за одмор на работниците

Зачестуваат укажувањата од граѓаните до нашата редакција за зголемување на објектите кои работат во недела, што е особено забележително во последните недели. Граѓаните до „Фактор“ пишуваат дека во својата околина се почесто забележуваат малски дуќани кои работат и во недела, а се зголемува и бројот на пекари кои се отворени во недела.

- Од самиот почеток кога беше донесен законот за недела неработен ден, во Чаир сите дуќани беа отворени, иако се гледаше дека е нелегално, дека се кријат оти работат. Во последниве недели сите работат како да нема закон кој забранува работа во недела. Имаме и такви кои се отвараат после шест часот – вели една повозрасна жителка од населбата Чаир.

Но, граѓаните велат дека маалски дуќани работат низ повеќе скопски населби, особено ако се во помали населени места во околината на главниот град.

- Порано сите дуќани беа затворени, сега имаме повеќе што работат. Што за нас е добредојдено, оти секогаш се случува нешто да фали дома. Во нашата околина, најчесто работат газдите на дуќаните, барем кај малските дуќани кои продаваат се од храна. Во билизината имаме и пекара, која работи секој ден, а притоа доаѓаат вработените, не газдите на објектот – вели четириесетгодишната Моника Т. од скопската населба Лисиче. Повеќе прочитајте на Фактор.мк