Дали ова е дестинацијата каде кралската двојка Меган и Хари ќе го поминат медениот месец?
Венчавката на принцот Хари и актерката Меган Маркл се ближи, а како што поминуваат деновите се поголема е неизвесноста и возбудата околу венчавката, но и околу фустанот кој младата ќе го носи, но и медениот месец на кој ќе отидат.
Парот доста пропатувал заедно. Се зборува дека кралскиот пар ќе оди на меден месец во Намбија и дека ќе престојуваат во Hoanib Valley кампот кој се уште се гради. Од Кенсингтонската палата уште не ги потврдуваат гласините кои го следат кралскиот меден месец.
Најмногу гласини се поврзани за нивно повторно заминување во Африка посебно на некое луксузно место или на сафари во Намбија, пишува Индепендент. Фактот е доколку двојката се одлучи за Намбија, после сите овие гласини малку е веројатно дека ќе отидат таму. Еднаш кога се откријат плановите на кралството, тие веднаш се променуваат.
Доколку Меган и Хари се одлучат за Африка, веројатно ќе заминат во Малава или Руанда. Можеби на идните сопружници како инспирација ќе им послужи медениот месец на нивните роднини. Војводата и војвотката од Кембриџ отпатуваа на Сејшели по венчавката. Принцот Чарлс и принцезата Дајана отишле на крстарење по Медитеранот по нивната венчавка во 1981 година. Кралицата Елизабета и војводата од Единбург останале близу до дома па медениот месец го поминале во Хемпшир.
Фото: АП