Дали поради стрес се дебелееме?

Добивај вести на Viber

Фразата „храна за утеха“ постои со причина. Истражување на глувци и луѓе покажа дека, кога сме под стрес, почесто одбираме мрсна или слатка храна. Како и кај алкохолот и другите супстанци кои предизвикуваат зависност, со текот на времето ќе ни биде потребна поголема количина на таква храна, за да го постигнеме истиот смирувачки ефект, а тоа води до зависност.

Ако сте под стрес поради некоја работна задача, веројатно останувате до доцна на работа или работата ја завршувате од дома. 

Не само што сте ненаспиени и уморни, туку поради тоа и повеќе јадете. Истражување од 2014 година заклучи дека факторите за дебелеење се поврзани со должината на сонот и поголемиот индекс на телесна маса. Секој дополнителен час на сон го намалува индексот на телесна маса за 0,35.

Ако јадете додека работите нешто друго, зад својата работна маса, веројатно нема ниту да се сеќавате дека сте јаделе. Фокусирањето само на храната, на вкусот и мирисот на храната, помага да забавиме, да го цениме оброкот, да уживаме во секое залче и да сме позадоволни. Консумацијата на храна кога сме потполно свесни за тоа што го јадеме, помага да јадеме побавно, да внесуваме помалку калории, да знаеме кога сме сити и кога е време да прекинеме со јадење.