Дали шопингот ги прави жените посреќни?

Добивај вести на Viber

Шопингот  има долготраен позитивен ефект врз нашето расположение, тврдат психолозите.

Психолозите Селин Ателеј и Маргарет Мелоу тврдат дека шопингот е вистинска терапија и дека луѓето свесно ја користат за да си го подобрат расположението во моментите кога се несреќни. Иако се смета дека луѓето кога се нерасположени купуваат импулсивно и неконтролирано, истражувачите покажале дека сепак додека трае шопинг терапијата купувачите не се расфрлаат со пари, туку купуваат стратешки.

„Шопинг терапијата дава многу бенефиции, го подобрува расположението и не носи чувство на вина или жалење, дури и кога не е планирана“ – пишува во извештајот од истражувањето.

Купете си нешто за да си ја вратите насмевката на лицето, но покажете контрола и не го празнете целосно вашиот паричник.