Дали сме ние нормални? Државна фирма на школите им продава македонска струја по унгарска цена, па дури и наплаќа 3,3 отсто маржа!!!

Зошто училиштата да плаќаат струја по цена од берза? Па тие не се комерцијални правни лица чија цел е максимизација на профитот! Разочарувачки и иритантен е односот на високоплатените државни службеници кои ги креираат енергетските политики. Затоа што ниеден од тие одлично платени државни „чиновници“ не мрдна со прст за да ги изводи школите од пазарот на струја? За нив треба да има регулирана цена, да бидат „под државна капа“ исто како и домаќинствата, јавните болници и градските водовни претпријатија. Тие што не мрднаа со прст, а се платени со народни пари овозможија „пљачка“ државниот буџет со тоа што не спречија школите да плаќаат струја по берзански цени. Да биде иронијата поголема тендерот го доби државната фирма ЕСМ Продажба која освен што ќе наплаќа македонска струја по маџарска цена па и згора ќе наплати и 3,3% провизија! Да не заборавиме дека во ЕСМ, фирмата – мајка на ЕСМ Продажба, Владата во тек на енергетската криза вбризга повеќе од 100 милиони евра буџетски пари...

Осум основни училишта од Општина Центар ќе плаќаат струја по берзански цени и за тоа ќе издвојат до 885.000 евра. Нема фиксна цена на струјата ниту субвенции од државата за државните односно јавните училишта во земјава! Ова се поразителни факти од најновиот тендер за снабдување со струја на овие основни училишта, а деталите прочитајте ги на Фактор.мк


Фото: фреепик