Дали Спејко повторно е сингл? Замина во Дубаи, па се пофали со неверојатна едногодишна трансформација

Дарко Спејко некогашниот ријалити победник во Големиот брат, но и модел и инфлуенсер веќе неколку месеци живее и работи во Емиратите. Заедно со партнерката почна нов живот во градот од соништата , но дали уште се заедно е прашање кое многумина си го поставија.


Дарко Петковски во Абу Даби професионално е кошаркарски тренер, а на социјалните мрежи често покажува како ја одржува згодната линија на телото, тој е во топ форма и го следи стилот на живот на кој му е верен одамна.

Неодамна тој сподели една неверојатна едногодишна трансформација од Август 2023 и Август 2024. Погледнете.



Има разлика. А таа е постигната како што самиот вели со доследност, посветеност и напорна работа.

Дарко повеќе од 4 години беше во љубов со згодната Хрисанта Монева, но во последно време парот не споделува заеднички фотографии на социјалните мрежи, а постоечките како да се повлечени од Инстаграм, што не натера да се запрашаме дали Спејко и Хрисанта се уште се во врска.