Животна училница // Приказни
ДАЛИ СТЕ ВИДЕЛЕ ВАКОВ ФЕНОМЕН: Розево езеро ги зачуди научниците
- 29 Мај, 2018
Британскиот поморец и хидрограф Метју Финдерс прв го регистрирал овој феномен во Австралија.
Розовата бојата на езерото Хилер на островот Мидл и денеска останува мистерија. Тоа е нешто што ги збунува научниците, кои не можат да дадат прецизен одговор.
Во 1950 година група на научници се одлучи да ги истражува причинителите за бојата на ова езеро, но факторите кои придонесуваат за тоа не содржеле трагови од алги, кои најчесто им даваат боја на водата.
Се шпекулира дека розовата боја на езерото е резултат на високото ниво на сол и присуството на алги кои сакаат сол, како што се dunaliella salina и розовата бактерија halobacteria.