Дали таа е причината за разводот со Македонката Данијела?! Огнен призна дека е во врска со колешка

Добивај вести на Viber

Откако во јавноста одекна веста дека Огнен Амиџиќ по разводот си најде нова девојка, набргу потоа откри дека се работи за неговата колешка Мина Наумовиќ. За прашината побрзо да стивне и да се избегнат дополнителни шпекулации, искусниот Огнен и Мина се договорија само да потврдат дека се заедно и ништо повеќе да не откриват.


- Да вистина е, заедно сме. Но нашиот договор е да ја задржиме приватноста за себе и да не зборуваме за тоа, изјави Амиџиќ за српскиот портал Република.

Но зошто? Можеби за да не се открие тајната дека најверојатно таа е причината поради која згасна љубовта меѓу Огнен и убавата манекенка со македонско потекло Данијела Димитровска после 10 години брак.

Останува само да се шпекулира, додека конечно еден од нив не ја открие вистината.

Инаку Мина е негова колешка, новинарка, а во емисијата „Амиџи шоу“  води дел од емисијата насловена „Пази Мина“. Од првата епизода на новата сезона, кога се приклучи на тимот на Амиџиќ таа ги привлече погледите поради атрактивниот изглед. 

За животот на Мина не се знае премногу, го крие како змија нозе, но со оглед на тоа дека е активна на социјалните мрежи, може да се заклучи дека сака да патува, има неколку естетски корекции и се грижи за својот изглед.

Како што пренесуваат медиумите нивната соработка наводно започнала пред последната сезона на шоуто, кое трае повеќе од 6 месеци, по што може да се заклучи дека тие веќе се познавале кога Огнен и Данијела биде во процес на развод.

Огнен и Данијела имаат едно дете, кое по разводот живее со неа.  


Фото: Intagram/Mina Naumovic/Yutube-screenshot