Дали тој е новото момче на Северина? Откако се појави фотка на која се гушкаат, сега архитектот прозборе

Сите дефинитивно се прашуваат дали има нешто повеќе меѓу нив

По средбата со Северина Вучковиќ во клуб, архитектот Миро Месиховиќ продолжува да ја интригира јавноста.

-Северина секако е една од најважните луѓе во регионот, една од најубавите жени од Вардар до Триглав, но, за жал, не сме во никаква врска. Освен што споделуваме пријател Филип Милетиќ, нејзин продуцент. И уште нешто, одлично си поминавме во клубот со уште десетина другари - изјави Миро Месиховиќ за Јутарњи.хр.

Да потсетиме дека биле „фатени во клуб“ како се гушкаат, по што се прошириле гласини дека меѓу нив има нешто повеќе.


ФОТО: Инстаграм screenshot