Дали топлото време ќе ги „измами“ овошките да процветаат порано?
Деновиве имаме пријатни дневни температури, но очекувањата се дека тие нема да ги „измамат“ овошните дрвца порано да цветаат.
Тоа е поволно, затоа што ако сега процветаат, потоа при пад на температурите, ќе дојде до измрзнување и уништување на родот. Секое уништување на родот, види кон недостиг и повисока цена на овошјето. Вакви примери имавме претходните години.
„Засега нема цутење на дрвцата, утринските температури се ниски и не се затоплува брзо атмосферата. Треба дневните температури да бидат од 15 до 17 степени во времетраење од две недели, за да расцутат овошките. Засега нема таква нешто и тоа е добро. Колку подолго се одржи зимата, тоа е подобро за овошките. Ако сега почнат да цветаат, сме имале такви работи и во минатото, не е добро, затоа што ќе почнат да формираат плод и во таа фаза и да фати температура од -1 или -2 степени, може да ги уништи. Засега условите се добри. Сушни се условите, нема многу вржени. Колку помалку има врнежи, толку е подобро што соковите не се иницираат да тргнат од коренот кон гранките“, вели Ангелко Ангелески, агрометеоролог од УХМР.
Извор: faktor.mk