Дали во животот се заљубуваме само три пати?
Луѓето велат дека во животот вистински се заљубуваме само три пати.
Прва љубов
Првата љубов најчесто се појавува во тинејџерските години и таа е невина љубов како оние љубовни приказни за кои читаме и ги гледаме на телевизија. Се впуштаме во љубовна врска за која сметаме дека тоа ќе биде нашата прва и единствена љубов. Понекогаш дури и врската да не функционира како што треба, луѓето прават сè за да ја спасат врската и ги оставаат настрана своите желби, мислења и ставови.
Втора љубов
Оваа љубов е обично “тешка” љубов која нè учи на многу животни лекции за тоа кој сме и што сакаме од нашиот живот и каква љубов навистина бараме. Оваа љубов боли, полна е со лаги и заблуди, манипулации и солзи. Со втората љубов често пати ќе ја прекинете врската и повторно ќе влезете надевајќи се дека ќе успеете да променете нешто. Но, во суштина таа станува полоша и полоша и повеќе исполнета со драми и проблеми.
Трета љубов
Тоа е љубовта за која не се надеваме, која не ја очекуваме, бидејќи сметаме дека е потполно погрешна откако сме поминале низ бродолом од претходните врски. Овој вид на врска тешко може да се објасни со зборови, поради неа луѓето се подготвени да ги направат и најлудите работи. За прв пат партнерите се прифаќаат токму такви какви што се. Оваа љубов ги руши сите „предрасуди” поврзани за љубовта и се движи во правец кој ни одговара нам и на нашите потреби.