Дамијано стана се*с симбол преку ноќ по Евровизија: Нема да го препознаете на сликите од младоста

Добивај вести на Viber

Пејачот Дамиано Давид од италијанската група „Менескин“ е главна тема од победата на Евровизија. На Интернет се појавија слики од неговите помлади денови, во кои тој сè уште не беше рокер, туку просечен средношколец.

Фановите беа разочарани кога слушнаа дека Дамијано Давид (22) е среќно свршен со инфлуенсерката Џорџо Солери (25) и сега почнаа да се споделуваат фотографии на кои тој сè уште не изгледа како денес.


На сликите од средното училиште Дамијано не изгледа како денес, тој нема тетоважи, долга коса или рокерски имиџ.

Пејачот изгледа како просечен средношколец, а токму во средно ги запозна Викторија (21), Томас (20) и Итан (20) со кои го основаше Менескин во 2016 година.


Денес целиот бенд има силен моден израз, тие ги рушат родовите предрасуди и ја покажуваат слободата со својата мода. Момчињата се шминкаат и носат штикли, а од тоа ја одржуваат својата машка енергија, па Дамијано стана нов секс симбол по Евровизија.

Фото: Инстаграм