Данела Арсовска: Една поинаква модна приказна крунисана со врвен стил

Новоизбраната градоначалничка на Град Скопје - Данела Арсовска од поодамна има стил кој е точно прилагоден на нејзиниот сензибилитет. Остар, минималистички, на моменти офанзивен со боите и скоро секогаш - непогрешлив.  

Овде зборуваме за мода, а не за политика. Од моден аспект, таа навистина знае како да се облече. На строгите линии на парчињата кои ги преферира им дава суштина и не е тоа само туку така усогласено, туку со умешност. 

Често носи сакоа и панталони или костим со минималистички детали. Тоа не е обична облека туку како скроена за неа. Да ја прати линијата на телото, а да не биде вулгарно.  

Во приложеното можете да го погледнете нејзиниот стил. Едно е сигурно- таа е модно освежување во сивилата и досаден изглед кои ни ги сервираат нашите политичарки.



Р.Ж.М

Фото: Инстаграм/Данела Арсовска