ДАНИ ДИМИТРОВСКА ОСЛАБЕ СО ПРОТЕИНСКА ДИЕТА: Никогаш нема да ги вратам килограмите
Самодовербата никогаш не ми зависела од сопствениот изглед. Секогаш сум била свесна и благодарна за сето она што го поседувам, вели Дани
Со протеински режим на исхрана и со физичка активност, Дани Димитровска значително успеа да ја намали тежината. Познатата пејачка вели дека не е важно колку килограми ослабела, туку дека новиот начин на исхрана одговара на нејзиниот стил на живот.
Фото: Леона магазин
„Продимед” се моите сојузници за моменталнава форма што ја имам. Бев подучена со поинаков начин на исхрана предводена од нутриционист. Во комбинација со физичка активност за тие три месеци, се навикнав на еден фин начин во кој уживам. Во мојов случај, нетипичниов метод овозможи процесот на добивање на посакуваното да биде здрав, избалансиран и комплементарен со начинот и со стилот на мојот живот“, ни раскажа Дани.
Првите два месеци, таа внесувала само готова храна и протеински напитоци од истата фирма, а третиот месец, почнала да внесува природни протеини во форма на месо и белки од јајца.
Од најновата фотосесија на Дани, направена како промо материјал за настапот на џез фестивал во Египет.- фото Бојан Стоилковски
„ Се работи за дехидриран, млечен протеин. Во принцип, целата моја исхрана се состоеше од протеини, пет пати во денот во помали колични на готова храна и напитоци, во првите два месеци. Потоа почнав да јадам месо, белки од јајца, а сега, мојата тежина ја одржувам со истата храна но и со многу, многу зеленчук. Јадам исклучиво зелен зеленчук, а веќе и овошје“, вели Дани и додава дека понекогаш, со дозволува мали, слатки задоволства, но во многу мали количини.
„ Вежбам и се чуствувам супер. Благодарна сум што се навикнав на овој начин на исхрана, и сфатив дека сè било до навиката. Мислам дека никогаш нема да ги вратам килограмите. Самодовербата никогаш не ми зависела од сопствениот изглед. Секогаш сум била свесна и благодарна за сето она што го поседувам“, раскажа пејачката.
Милица Џаровска
Фото: Бојан Стоилковски за магазинот „Леона“