ДАНИ ЈА ПЕЕШЕ ТИНА ТАРНЕР СО ИТАЛИЈАНСКИОТ ДЕЈВИД БОУВИ

Добивај вести на Viber

Дани Димитровска беше Тина Тарнер на концертот на „Mr. Ziggy And The GlassSpiders“, Трибјут бендот за легендарниот Дејвид Боуви, кој се одржа во Скопје, во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Македонската рокерка беше дел од домашните пејачи кои го збогатија концертот на италијанскиот бенд.

„Секако ќе отидев на концерт, настапувала или не. Поканата да бидам дел од таа сцена во тој филм на осумдесетите, макар на четири минути, мене ми е од значење. Башка што Лоренцо е лик кој ужасно потсетува на ликот и делото на Боуви, бидејќи дише со целото   негово творештво и приватно. Не ги разбирав трибјутите се додека не поразговарав со него и ја сфатив опсесијата поради која еве имаме продолжено чувство. Боуви ми е лик од детство а музиката лектира за сите, посебно денес кога се изгубени музичките вредности.“,ни изјави Дани.

Со пејачот на бендот „Mr. Ziggy And The GlassSpiders“, Лоренцо, Дани го испеа легендарниот дует на Дејвид Боуви и на Тина Тарнер, „Tonight“,кој е снимен во 1994 година

Со пејачот на бендот „Mr. Ziggy And The GlassSpiders“, Лоренцо, Дани го испеа легендарниот дует на Дејвид Боуви и на Тина Тарнер, „Tonight“,кој е снимен во 1994 година.

Италијанскиот Трибјут бенд постои од 1991 година. До сега, реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 година се наградени како „Најдобар Трибјут бенд во Рим“. „Mr. Ziggy And The Glass Spiders“ изведуваат песни од различни периоди од богатиот опус на Дејвид Боуви и за 2 и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ги свиреа најголемите хитови на господинот на популарната музика како што го ословуваат тие, големиот Дејвид Боуви.

Дани, лани на 13 ноември го промовираше својот нов албум „Град за љубов“, а на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“, ја доби наградата за албум на годината.

Милица Џаровска