Данијела Димитровска изгледа како милион долари: Водителката го истакна згодното тело во минијатурен костим за капење (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Презгодна

Водителката и манекенка Данијела Димитровска кариерата ја започна победувајќи на натпреварот за заштитно лице на „Елит“ во 2004-та година, кога имаше 16 години. Оттогаш ги носи најпопуларните брендови, а ја заинтригира јавноста со бракот со водителот Огњен Амиџиќ во 2012-та година, од кого се разведе во 2022-ра година. Со него го има синот Матеја, а Огњен неодамна во емисијата „Бункер“ проговори за неа и истакна дека се во добри односи поради нивното заедничко дете.

По разводот од водителот Огњен Амиџиќ, таа беше емотивно недостапна, но потоа еден фудбалер ѝ го украде срцето. Минатата година се дозна дека таа ужива во љубовта со шест години помладиот Јеврем Косниќ. Неколку пати беа видени заедно во јавноста, а врската ја потврдија со фотографија на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by DANIJELA DIMITROVSKA (@danijeladimitrovska)


Моментално таа се одмара во Котор, а убавото време го користи за фотографирање. Многумина би рекле дека барем ѝ е лесно со вакво тело, а ние би се согласиле. Моделот има беспрекорна линија, се гледа секој мускул, а половината ѝ е како на тинејџерка. Таа позираше во бикини и покажа како упорноста во здравата исхрана и тренинзите прават чуда за телото.

View this post on Instagram

A post shared by DANIJELA DIMITROVSKA (@danijeladimitrovska)


Извор: story.rs