Дара Бубамара непрепознатлива во живо и на Инстаграм: Видеото со црвени лакирани панталони и проѕирно боди го докажува тоа
Пејачката Дара Бубамара последните месеци е во центарот на медиумското внимание поради нејзиниот изглед и песната „Кока Рока“
Пејачката Дара Бубамара, која со децении е на сцената, судејќи по фотографиите на Инстаграм, никогаш не изгледала подобро. За нејзиниот младешки изглед и витка фигура, наводно, се одговорни пластичните хирурзи на кои им „оставила 45.000 евра“, како и програмите за обработка на фотографии.
Кога не се фотграфира и снима од егзотични дестинации за Инстаграм, настапува Дара Бубамара, а на социјалните мрежи полека се појавуваат клипови од клубови. Така беше и овој пат, кога Дара беше фотографирана во проѕирно боди, кое ги истакна нејзините силиконски гради и црвени, лакирани панталони кои ѝ беа навлечени до колковите.
Многу следбеници видоа „како изгледа Дара без филтер“:
А вака изгледа на фотографиите кои очигледно ги „дотерува“. А со тоа докажува дека дефинитивно има разлика помеѓу Дара која ја гледаме во живо и пејачката која се претставува на Инстаграм.
Фотои Видео: Инстаграм