Дарко Лазиќ не престанува со скандалозното однесување: Откако ја удри сопругата, продолжи да ја влече по подот (ВИДЕО)

Откако Дарко Лазиќ повторно почна врска со некогашната девојка Катарина, медиумите не престануваат да пишуваат за неговиот љубовен живот. Неодамна, многумина ги изненади и фактот што парот се венчал во тајност.

На социјалните мрежи секојдневно објавуваат заеднички слики и видеа, а едно видео кое Лазиќ го сподели на својот Инстаграм профил предизвика лавина коментари, но и смеа.

Имено, во видеото Дарко ја удира својата поубава половина по задникот и ја става на подот, по што ја влече за нозе право во хотелската соба.


- Како да ја натерате да се омажи - напиша пејачката со емотикони „плачејќи“ од смеа.

Потсетуваме, Дарко пред неколку недели направи операција за затегнување и отстранување на вишокот кожа, за кое изјави дека закрепнувањето се одвива многу бавно.

- Се чувстувам подобро, но закрепнувањето е навистина бавно, па морам уште еднаш да и се извинам на мојата публика и да ви се заблагодарам на разбирањето – изјави тој пред неколку дена кога ги откажа закажаните настапи што требаше да ги одржи викендов.


Фото: DarkoLazic/Instagram