Давид нема полубрат, фамилијата е таа со која растеш: Кристина Димитри остро за поранешниот сопруг Кајмакоски

Добивај вести на Viber

Поранешната мисица и екс сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, а денес пејачка Кристина Димитри беше гостинка во емисијата „Ти реков ми рече“ каде одговори на некои доста интимни прашања.

Имено кога водителот рече дека братот на Кристина е како татко на Давид, Кристина рече дека тој му е баш вистински татко уште од првиот ден и дека сѐ прават заедно.

На тоа водителот праша:

- Се прашува ли Давид зошто татко ми не ми помага, како што ми помага вујко ми?

Кристина: Не, мојот син е израснат со мене, мајка ми, татко ми и брат ми и ние сме негово семејство. Кој и да го види, вели ние не сме виделе посреќно понасмеано дете.

Водителот Давид: Дали Давид го запозна својот полубрат Стефан?

Кристина: Не. Давид нема полубрат, нема брат. Тој мојот брат го вика брат, а јас секогаш му викам мајка ми ми ја презеде, татко ми, брат ми, тој се смее, а се шегувам секако.

Водителот Давид:  Даниел нели е биолошки татко на Давид?

Кристина: Фамилијата е таа со која што растеш.

Водителот Давид: Даниел ве контактира?

Кристина: Не би да коментирам за него. Доста е зборена таа тема, затворена е таа тема, се најубаво му посакувам.

Кристина призна дека е тешко да се биде самохрана мајка, доколку се нема родители какви што има таа. Моите знаат дека јас го правам најдоброто за иднината на моето дете.