„Мојот брат, твоја заштита, некој кој те научи многу работи“: Кристина Димитри со емотивни пораки за првиот училишен ден на син ѝ Давид
Поранешната мисица и екс сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, а денес пејачка Кристина Димитри сподели емотивни пораки за првиот училишен ден на нејзиниот син. Му посака среќа на најмилото за почетоците на неговото училише, а си ја отвори душата за нејзиниот брат и за нејзината мајка.
На првиот училишен ден, Кристина син ѝ Давид го испрати со својот брат и својата мајка, за кои не штедеше зборови, си ја отвори душата и покрај нивни фотки напиша:
„Некој кој е од првиот ден покрај мене, откако дознав за тебе. А откако ти дојде на свет... тој ти го посвети животот... мојот брат, кој сега е твој брат, машка фигура, заштита, некој кој те научи многу работи... или пак се‘. Би напишала многу работи што значи тој за тебе, но во следна прилика“
„Твојата омилена особа... твојата единствена и најдобра баба, или пак втора мајка. Од првиот ден, па целиот живот е покрај тебе“.Фото: Инстаграм - Стори - Кристина Димитри/Женски магазин - архива
Една личност ми се врати во животот: Кристина Димитри среќна поради овој маж (ФОТО)