Моден фокус // Трендови
Децении поминуваат, нејзиниот стил останува: Лепа Брена во тренди парче кое ги воодушеви светските диви
Малку се оние што можат едно вакво statement парче да го износат како што тоа го стори една од најголемите југословенски sвезди.
Пејачката Лепа Брена вчера присуствуваше на снимањето на шоуто „Гранд Специјал“, каде се појави во одличен стајлинг!
Музичката дива ги воодушеви сите покажувајќи повторно нова фризура, но главниот дел од нејзиниот изглед е импресивно крзнено палто. Станува збор за многу богато парче што е невозможно да не се забележи, пред се' поради неговата впечатлива црвена боја, а последните години е вистински хит меѓу светските sвезди, па нешто слично видовме и на Џеј Ло.
Oваа ефективно крзнено палто го искомбинирала со фустан со црвено-црн дезен, на долги ракави, миди должина и како и секогаш широка насмевка!
извор:glossy.espreso.rsфото: ANTONIO AHEL/ATA IMAGES
ГАЛЕРИЈА: