Дедо ѝ ѝ ги купил првите силикони, сега е мажена за милионер: Го чекаат своето 5-то дете, а неговиот лик е мистерија

Добивај вести на Viber

Таа го крие својот сопруг од очите на јавноста

Милица Полскаја, инфлуенсерка од Ниш, која е во брак со милионер, на социјалните мрежи објави дека е бремена и го чека своето петто дете.

Инаку, животот на оваа Србинка не престанува да ги интригира нејзините следбеници на социјалните мрежи, бидејќи таа речиси секојдневно споделува детали од нејзиниот живот таму.

View this post on Instagram

A post shared by (@mmm_still_limited_edition)


Милица во едно од своите видеа на „Јутјуб“ изјавила дека парите за вградување силикони во градите ѝ ги обезбедил дедо ѝ, а своевремено појаснила и како се случило тоа.

- Всушност, точно е дека дедо ми не ми кажа дека градите ми се мали, тоа ми го кажа баба ми. На мене и на сестра ми ни остави во банка одредена сума пари што можевме да ги потрошиме кога ќе наполниме 18 години и јас решив да ги потрошам на операција. Така дојде изјавата: „Дедо ми ги купи првите гради“, рекла таа.

Покрај градите ги корегирала носот и усните, но како што вели планира да застане тука.

- Не сакам да претерувам. Во моментов сум задоволна од мојот „барби“ изглед - изјави Милица.

View this post on Instagram

A post shared by (@mmm_still_limited_edition)


Таа го крие својот сопруг од очите на јавноста

Милица го крие идентитетот на сопругот, дури и кога објавува заеднички фотографии го крие неговото лице.

- Мојот сопруг е бизнисмен, и не можам конкретно да кажам со што се занимава, но ќе кажам дека неговата работа е многу досадна. Му помагав со неговиот бизнис изминатава година и затоа го кажувам ова. Инаку, маж ми заврши два факултети. Не го покажувам затоа што Инстаграм е местото каде што објавувам содржина што луѓето околу него не би ја разбрале. Тој се среќава со политичари и луѓе од власта и затоа мислам дека е подобро вака - изјави тогаш таа за „Ало“.

View this post on Instagram

A post shared by (@mmm_still_limited_edition)


Живее во луксузна вила, плива во пари

Таа неодамна откри како изгледа нејзината вила во која живее.

- На еден кат имаме околу 15 соби, 4 бањи, гардеробер, не знам дали тоа се брои- истакна Милица.


Извор: espreso.rs