Дејвид и Викторија Бекам ги негираа гласините дека се разведуваат

Добивај вести на Viber

Дејвид и Викторија Бекам ги негираа тврдењата на неколку таблоиди дека нивниот брак е завршен. 

Медиумите дури почнаа да пишуваат кога двојката ќе разгласи за нивно разведување. Сепак, семејството на ѕвездите категорично ги отфрли гласините и ги нарече „срамни и смешни“, објави The Independent.

Последен пат, Дејвид и Викторија беа видени заедно на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл. 

Бекам потоа објави дека ќе ја продадат облеката што ја носеа на церемонијата на аукција, а парите ќе бидат донирани за добротворни цели. Поранешниот фудбалер и пејачка, која стана дизајнер, се венчаа во 1999 година. Тие имаат четири деца - три момчиња и една девојка.