ДЕЛТА Е ЗАКАНА ВО ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ: Засега нема дополнителни мерки, но ако евентуално има ќе бидат во насока на штитење на границите, најави Филипче

Добивај вести на Viber

Делта варијантата е регистрирана во повеќе европски земји, реече денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека засега во земјава нема сополнителни мерки. Сепак, за ова Филипче најави дека ќе се разговара на состанокот на Комисијата за заразни болести в понеделник.

-Засега нема дополнителни мерки, но да одговорам директно, дали ќе воведуваме некаква форма на рестрикција ќе разговараме на состанокот на Комисијата за заразни болести в понеделник. Ќе ги слушнеме размислувањата на епидемиолозите. Ние и сега разговараме телефонски, дел од членовите анализираат, истражуваат. Евентуално ако носиме некаква одлука ќе биде во насока на штитење на границите, значи во однос на тестови. Да се процени ризикот и дали е тоа вистинска мерка со којашто навистина можеме да се заштитиме, рече Филипче.

Деталите читајте ги на Фактор, тука.