Денес е Преподобната маченичка Параскева или Света Петка - Летна: Чуда се случуваат на овој ден
Култот кон света Петка- Римјанка, кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева-Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност.
Првата е света Петка-Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и со домашни слави се празнува на 27/14 октомври. Поради тоа и другите две се идентификуваат со неа.
Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата. Според некои записи од минатото во некои наши краишта (Мариово) петокот се празнувал повеќе од неделата.
Преподобна мајка и чудотворка Параскева
Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.
Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка..
Фото: denovi.mk