Денес се живи бидејќи се прегледале на време: Седум познати жени кои победија рак на дојка
Страшните болести честопати се чини дека ги заобиколуваат богатите и славните. Сепак, вистината е дека тоа не е така. Дури и познатите луѓе се создадени само од крв и месо, а повеќе пари не секогаш значат и имунитет на болка.
Ракот не бира, а ракот на дојка е особено опасен затоа што понекогаш нема симптоми, па единствениот безбеден начин да го проверите вашето здравје се редовните прегледи.
Овие славни личности се бореа против злобна болест и излегоа како победници. И сето тоа затоа што биле прегледани на време. Тие сега ја користат својата популарност и влијание за да го свртат вниманието на сите жени редовно да се прегледуваат, а со тоа да ги спасат и продолжат сопствените животи.
Синтија Никсон
Познатата Миранда од серијата „Сексот и градот“ се разболе во 2006 година. На нејзината мајка исто така и бил дијагностициран рак на дојка порано, и таа знаела дека шансата таа сама да ја добие злобната болест е поголема. Тоа, како што и самата рече во бројни интервјуа, и дало повеќе сила да се справи со ситуацијата, а денес е една од активистките и се обидува да ги едуцира жените ширум светот и да привлече внимание на редовните прегледи.
Кајли Миног
„Џебната Венера“, како што најчесто ја нарекуваа, откри дека имала рак додека била на светска турнеја во 2005 година. Во тоа време имала само 36 години и веднаш била подложена на двојна мастектомија и хемотерапија. Таа денес е здрава.
Шерил Кроу
Пејачката го открила ракот во почетната фаза и била третирана со зрачење. Таа немала никакви симптоми, а туморот го открила случајно, на мамограф. Оттогаш, таа ја искористи својата популарност за да ги натера жените да прават редовни прегледи, бидејќи тие навистина можат да им го спасат животот.
Рита Вилсон
Актерката и сопруга на Том Хенкс, откри во 2015 година дека направила двојна мастектомија. Рита имала хистолошка хетерогеност на едната дојка, која со години ја држела под контрола, сè додека не станала поагресивна, по што решила да се оперира.
Џулијана Ранчиќ
На поранешната водителка на каналот Е! ракот и е откриен случајно, пред да замине на преглед за да се подложи на вештачко оплодување. Во тоа време имала само 36 години и направила двојна мастектомија, но не се откажала од својот сонот да стане мајка. Во 2021 година, таа и нејзиниот сопруг добија син благодарение на сурогат.
Кристина Алегејт
На актерката и дијагностицирале рак кога имала 36 години. Таа била подложена на двојна мастектомија и хистеректомија затоа што била носител на генетска мутација во генот BRCA1, што ја зголемува можноста за развој на рак на дојка и рак на јајници.
Џулија Луис Драјфус
Во септември 2017 година, актерката преку Твитер објави дека има рак на дојка. „Секоја осма жена има рак на дојка. Денес јас сум таа“, напиша таа. Две години подоцна, во едно интервју, таа откри дека се чувствува добро по зрачењето и двојна мастектомија, а потоа ја освои својата 7-та номинација за Еми награда, за серијата „Veep“.