Бев до пеколот и назад: Марија (28) има рак на дојка, раскажува за нејзината борба и ја подига свеста за редовен самопреглед

Добивај вести на Viber

Во краток разговор за Женски магазин, Марија истакна дека мора да се подигне свеста за самопреглед за да се превенира рак на дојка кај сѐ поголемиот број млади девојки и жени.

-Не мислев дека мене ќе ми се случи, ниту пак дека ова ќе го пишувам два дена после операција, упс, не, втора операција за две недели, вака Марија ја започна нејзината приказна во објава на Инстаграм каде соопшти дека има рак на дојка на само 28 години.

-Поминаа седум месеци од првичната дијагноза и сега имам храброст да ја споделам оваа приказна зошто знам дека може да помогне на многумина и да ја подигнеме заедно свеста за оваа превалена fucking болест, вели таа и додава:

-Јас лично бев до пеколот и назад, и сѐ  уште сум на патот. Не, не беше сѐ лошо и сум благодарна и заради многуте добри работи што ми ги донесе ова патување. Не е завршено и продолжува и ќе продолжи цел живот. Сепак сум уверена дека животот ни носи само онолку колку што можеме да издржиме, а тоа ќе не направи посилни.


-Како открив?
После прекинот на доењето со моето второ дете ми се појави „грутка“ во левата града, но мислев дека не е ништо. Како и да е, отидов на преглед затоа што грутката се зголемуваше и почна да ме боли. Направив ехо кај доктор што нема да го споменувам и бев уверена дека се е во ред.
„Ова е само густо масно ткиво“ - е тука е мојата најголема грешка, што сликите од ехото не ги покажав на мајка ми. Мајка ми е инаку радиолог на дојки во Англија и е ментор на спезијализанти од Кембриџ. Не ѝ кажав за сето ова, дури по два месеци кога навистина почна да се зголемува и сериозно се загрижив. Итно направивме магнет со контраст на дојка и тогаш ги слушнав најлошите зборови во 2020 годин, од мајка ми (ако мислите дека сте имале лоша година, размислете уште еднаш): 
-Марија ова изгледа малигно. После тоа веднаш направивме биопсија за да се одреди каков вид на карцином е - мојот беше Естроген позитивен, Хер негативен. И тоа претставуваше почеток на најлошата недела во мојот живот - неверување, страв, обвинување.

Но поуката од ова е:
Редовно правете си самопреглед. Ако забележите нешто (топче, грутче, исцедок) веднаш одете на лекар. Како што знаете кај нас и секаде во светот, после 40-тата година се прави скрининг секоја година на мамографија Тоа е најлесниот и најевтиниот начин. Прегледот трае 5 минути и тоа е тоа. Но, за сите нас пред таа возрасна група - златно правило: Самопреглед и свесност за своето тело.



Моментално  Марија е во Англија каде го продолжува лекувањето.
Инаку Марија Бунда е млада сопруга и мајка, и дерматолог по професија.