Денеска е Меѓународен ден на семејството

Добивај вести на Viber

Во Македонија денеска се одбележува Меѓународниот ден на семејството - 15 Мај. По тој повод во Градскиот парк ќе биде поставен специјален штанд на кој минувачите ќе можат да купат различни изненадувања и да прочитаат интересни пораки посветени на семејството.

Средствата собрани од продажбата ќе бидат донирани во посебното основно училиште „Идинина“.

Одбележувањето на овој ден треба да ја подигне свеста за значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на семејството, и како тие потоа се рефлектираат на општественото живеење.

Целта е да ја разбудиме хуманоста во нас и да се потсетиме дека секое семејство  подеднакво важно“, информираат од Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет - Скопје. 

Во Градскиот парк исто така на одбележувањето на овој ден се вклучува и „Лице в лице“, кое ќе го промовира 20-то издание на уличното списание, посветено на темата семејство.