ДЕТАЛИ: Колку пари троши Меган на кралска гардероба
Не е лесно или евтино да се биде член на кралското семејство - и Меган Маркл е жив доказ за тоа.
Аутфитите на кои секојдневно се восхитуваме не се евтини, а експертот за кралското семејство Кејти Ничол ги сумираше сите цени на гардеробата што Меган ја носеше во јавноста откако таа и принцот Хари ја објавија свршувачката. Од износот што го постави за нејзината облека, ќе ви се заврти во главата.
Нејзината кралска гардероба се проценува на 1 милион долари, а Ничол откри дека пред свадбата Меган сама ја покривала цената на облеката што ја носела. Бидејќи се омажи со Хари, таа обврска му припаѓала на неговиот татко Чарлс, бидејќи тоа е обичај во кралското семејство.
-Меган сега е амбасадор на британската монархија, па затоа обврска на кралското семејство е да ја плати нејзината работна облека, вели Кејти.
Со оглед на количината на внимание што Меган ја привлекува во јавноста, се чини дека секој долар вложен во нејзината гардероба се исплатеше.
Еве ги деталите:
Кралската венчавка- фустан на Живанши од 440.000 долари
Прв настан со Кралицата Елизабета Втора- Фустан на Живанши од 18.000 долари