Детето не е ваш терапевт: Не оцрнувајте го поранешниот сопружник пред него

Постојат многу начини да го уништите детството на своите деца. 

Еден од нив е и зборувањето лоши работи за другиот родител. Кога имате деца, разводот не е брак. Поранешниот сопруг, некогаш принц, сега е чудовиште. Поранешната сопруга, до неодамна ангел, сега е вештерка. Без разлика што вашата слика за долгогодишниот партнер е претворена во прав, за вашите деца мама и тато и понатаму остануваат ангел и принц, еднакво важни како и порано. 

Поради тоа, и покрај вашиот бес и фрустрација, таа врска мора да биде негувана и ненарушена, колку и да ве боли тоа. „Вашето дете е половина од вас и половина од вашиот сопружник. Замислете како изгледа да го тегнете по средина“, вели Ерин Барбоса, социјален работник.

 Поради тоа секој пат кога се „нафрлите“ на другиот родител, детето се чувствува како да сте се нафрлиле на дел од него. Родителите често не забележуваат кога пред децата фрлат некој злобен коментар за другата страна. Со тоа ја нарушуваат нивната самодоверба и ги повредуваат. Дури и кога другиот родител не заслужува почит поради тоа што го занемарува детето или е зависник, треба да се биде умерен со критики, вели Барбоса и советува критиките да се изнесуваат со сочувство и без префрлување. „Како што расте вашето дете и созрева, само ќе сфати кој е вашиот поранешен-поранешна, не морате тоа да му го сугерирате“, вели таа. 

„Запрашајте се зошто нешто му говорите на детето“, вели Келси Торгерсон, клинички социјален работник. „Дали објаснувате нешто што се случило или само се жалите на поранешниот сопружник? Секогаш водете сметка да говорите од правни причини.

 Понекогаш децата се чувствуваат како да мора да одберат страна, и чувствуваат емоционален стрес поради што можете да им одвлекувате внимание од други важни работи како школо, пријатели и вообичаени детски интереси“.

 Како и секогаш, едноставноста е клуч. На децата треба да им го говорите само она што е важно да го знаат. Нивната главна работа е да бидат деца. Не мора се да знаат и не е нивна задача да ви помогнат да ја пребродите болката. „Објаснувањата треба да ви бидат што поедноставни“, порачува Торгерсон.