ДЕТСКИ ИЗЈАВИ КОИ ЌЕ ВЕ РАСПОЛОЖАТ: „Баба е дебела зошто е полна со љубов“

Добивај вести на Viber

Кога двајца заљубени прв пат се бакнат, веднаш легнуваат и не сакаат да станат најмалку 1 час а можеби и повеќе....

Веројатно барем еднаш досега сте ја гледале емисијата „Кефалица“ или сте ја читале книгата „Olovka piše srce“. 

Тогаш веќе знаете што ве очекува во продолжение, а доколку не сте погледнете како размислуваат младите паметни глави.

-Повеќе ја сакам сестрата на мајками отколку својата. Сестрата на мајка ми, ми е тетка, а мојата не ми е ништо.

-Мамо, дали ти е жал што си дебела?

-Мојата мајка има бебе во стомакот, но незнам како го голтнала.

-На мајките не им се вика, тие се корисни.

-Кога двајца заљубени првпат ќе се бакнат веднаш легнуваат и не сакаат да станат најмалку 1 час а можеби и повеќе.

-Полуостровот е остров кој кој не е до крај направен.

-Баба е дебела зошто е полна со љубов.

-Јас би сакал да имам уште еден брат но мајка ми користи тампони.

-Колку е постар човекот толку се поскапи неговите заби.

-Девојчињата не можат стоечки да уринираат зошто немаат за што да се држат.

-Кога баба ми ја болат забите еднставно ги остава во чаша.

-Немам повеќе баба, ја засадија на гробишта.

-Швајцарските крави се користат претежно за правење чоколада.

-Кога мојот помал брат се роди мораа да го стават во акумулатор.

-Не знам колку години имам тоа постојано се менува.

-Многу се исплашив кога мама се разболе, мислев дека тато ќе готви.

-Тато живее во вакум.

-Незнам зошто мама се лути толку што ја скршивме вазата, и онака беше стара и кинеска, а не наша.

-Мојата сестра повторно помина одлична на училиште, изгледа намерно ми го прави тоа.

-Баба ми отиде на другиот свет, сега имаме некој во странство

-Жителите на Сарднија се викаат Сардини.

-За да се биде добра медицинска сестра, мора да биде целосно стерилна.

-Лекарите велат дека смртоносните болести се најлоши.

-Што е тука? Тука е кога некој те тепа!

-Како се вика младото на коњ? Знам. Конјаник.

-На Марс има живот. Но тоа е само хипотенуза.