Поради настанатата ситуација со
корона вирусот и согласно мерките од надлежните институции, ве известуваме дека
Детскиот фестивал Поточиња 2020 закажан за 21. и 22. март во Македонска опера и
балет СЕ ОДЛОЖУВА.
Со оглед на природата на настанатата ситуација, информираме дека новиот термин за одржување на фестивалот ќе биде дополнително утврден и објавен, согласно состојбата во државата, во период кој ќе биде апсолутно безбеден за децата и граѓаните.
Сите кои набавиле билети ќе можат да извршат повраток на средствата на истото продажно место на кое ги купиле билетите.