Девет работи кои ги научив после разводот

Добивај вести на Viber

Разводот е тежок период за секоја личност, но од него можеме и да научиме по нешто. Една од тие работи е и разбивањето на предрасудите кои сме ги имале за љубовта, а кои можеби сме требале да ги елиминираме многу порано. 

Спротивностите се привлекуваат, но само на кратки патеки

Добро е ако сте различни и не се однесувате како близнаци. Но, ако во секоја можна смисла сте потполно различни, потребно е барем да ги делите истите цели и да ги почитувате истите вредности. Сосема е во ред ако едниот од вас сака да црта, а другиот сака да оди на концерти. Но, за љубовта да успее потребно е да делите ист поглед на светот, да имате слични цели и заедно да сакате да ги постигнувате.

Привлечноста е одлична, но таа е само еден мал дел од љубовта

Секако дека мора да ве привлекуваат партнерите, нова вашата врска не може да се заснова само на тоа. Хормоните и хемијата ја поттикнуваат првичната привлечност, но има уште многу работи кои се потребни за да функционира бракот.

Треба да имате заедничка визија за иднината

Вчера работите биле одлични, денес прекрасно функционирате, но како ќе биде за 5, 10, 30 години? Дали работите кои сега ги занемарувате ќе се претворат во огромен проблем? Внимавајте на работите за кои сега мислите дека се ситници, со времето можат да пораснат и сосема е возможно да ја загушат вашата љубов.

Потребно е во потполност да ја прифатите другата личност

Ова сте го слушнале 1000 пати, но дали сте свесни што значи и колку е ова важно? Дали ја прифаќате личноста со сите нејзините маани, пријатели кои ве нервираат, чудни роднини, нестабилна работа и слични работи? Дали навистина ја сакате таа личност, без оглед на сите недостатоци или се надевате дека ќе се промени со текот на времето?

Љубовта не трпи злоупотреби

Во ред, вашите сакани се фини во поголемиот дел од времето, но повремено се претвораат во вистински ѓаволи. Во моментите на лудило ве казнуваат и ви бранат различни работи. Тоа не е љубов. Љубовта не е совршена, но не се изразува на тој начин.

Ако не фукнционирате како поединци, нема да функционирате ни како пар

За да може да функционира врската, луѓето во неа мораат да бидат функционални. И двајцата морате да бидете способни да функционирате сами како две независни единки, за да можете заедно да градите врска или брак.

Љубовта не победува сѐ

Иако сакаме да мислиме дека љубовта победува сѐ, во реалноста и не е баш така. Љубовта не може да победи болест, не може да ги реши проблемите на другата личност кои ги има со други луѓе, а кои влијаат на вашиот однос, итн. Може да помогне, но не и да ги реши.

Никогаш не слушате доволно, иако мислите дека тоа е така

Сите тврдиме дека го слушаме тоа што ни го кажуваат, но дали е навистина така? Комуникацијата во врската е многу важна, а слушањето е дел од неа. Не влетувајте насред реченица додека другата страна зборува, водете цивилизиран дијалог и обрнете внимание на тоа што ви го кажуваат.

Ако навистина ве сакаат, ќе ве прифатат такви какви што сте

Прифаќањето не значи и допаѓање, некој може да ве прифати како личност, но да не му/ѝ се допаѓаат одредени карактеристки. Ако не ве прифатат такви какви што сте, тогаш тоа не е љубов.