Актуелно // Жолта минута
Девојката на Пике била маж?! Фудбалерот знаел цело време
Светот, конкретно планетарно популарните медиуми на големо се занимаваа со разделбата на фудбалерот Пике и музичката ѕвезда Шакира. Бившите соптужници и самите направи драма од разделбата- тој си има нова девојка (токму поради неа се разведуваат) која се плаши од Шакира и има смртни закани од обожаватели на пејачката, а Шакира од друга стана го провоцира Пике со своите песни и има прболеми со сега веќе бившата свекрва.
Жерар и неговата нова девојка Клара Чиа Марти станаа главна инспирација на медиумите кога беше откриена нивната тајна врска. Откако реши да ја напушти Шакира и нивните две деца, синовите Милан и Саша, фудбалерот постојано е мета на критики во јавноста.
Изгледа како секој нивен чекор да е следен и само да чекаат некоја нова пикантерија за повторно да го „распнат“ јавно. И, се чини, дека ги добија своите пет минути.
Интернетот гори од тврдења дека девојката на фудбалерот Пике Жерар (36), студентката Клара Чиа Марти (24) е трансродова жена.
Според неодамна објавеното видео на ТикТок, русокосата Клара е родена како маж, па направила многу храбар чекор да го промени полот. Наводно, Пике знаел за ова од самиот почеток, а брзо се прошири веста дека тој финансиски и помагал на Клара да ја заврши трансформацијата.
Според шпанските медиуми, нејзината физичка трансформација започнала кога имала 12 години, а нејзиното вистинско име е Естебан.
На видеата кои ги преплавија социјалните мрежи, има и наводни фотографии од Клара кога била машко, а повторно се споменува синот на Џерард, Милан, кој тоа јавно го откри за време на директен пренос на профилот на неговата мајка, колумбиската пејачка Шакира (46 ), која фудбалер ја изневери со фаталната Клара.
Иако јавноста е поделена околу овие тврдења, има многумина кои веруваат дека тоа е вистина. Многумина сведочат дека Клара некогаш изгледала многу поинаку, а за тоа говорат и старите фотографии кои ги објави на социјалните мрежи.
Шпанските медиуми брмчат за оваа нова информација, но познатиот прељубнички пар јавно не проговорил за ова прашање.
Да потсетиме, повредената и изневерена Шакира неодамна се пресели во Мајами со нивните синови за да избега од драмата која и ја уништи врската со фудбалерот, која дотогаш изгледаше совршена. Точно или неточно, проценете сами
Фото: Инстаграм