Девојка немала односи додека не се омажила: „Посакувам да го знаев ова пред првата брачна ноќ“
Беше во целибат до бракот, а потоа одлучи да го сподели своето искуство и сите работи што посакуваше да ги знае порано.
Алисја Такер зборуваеше за работи за кои никој не ја предупредил пред да стане интимна со нејзиниот сопруг Џон. И двајцата немале односи додека не се венчале, односно до првата брачна ноќ. Одлучиле да почекаат до брак за да имаат интимна врска, а сега своето искуство го споделуваат на Јутјуб.
„Составив листа од пет работи што треба да ги знаете пред вашата брачна ноќ“, рече Алисја. Таа се чувствуваше непријатно додека зборуваше, но сепак даде краток преглед на сè што една жена треба да направи пред големиот ден – и ноќ. Таа пред сè нагласила дека треба „претходно да разговарате со партнерот“ за да ја смирите нервозата, пишува „Мирор“.
Затоа, ако сте нервозни поради фактот дека вашиот прв однос може да ве боли, задолжително кажете му го на вашето момче“, истакна таа. Еден од начините да го решите тоа, тврди таа, е заедно да се истуширате, бидејќи, според за неа тоа е добар начин за опуштање. Таа ги предупреди и жените да одат во тоалет по сексуалниот одно
„Лесно може да заболите од сексуално пренослива болест доколку не уринирате по сексуалниот однос бидејќи за време на тоа се излачува многу течност.“, истакнала таа.
Нејзиното искуство можете да слушнете во продолжение: