Диета со краставици топи до 7 килограми за 14 дена: Мени што е лесно да се следи
Најпопуларна диета за лето 2021 година.
Секој што сака да изгуби тежина без да го загрози своето здравје, знае дека клучот е урамнотежена исхрана полна со овошје, зеленчук и протеини, со помало количество јаглехидрати.
Од овие причини, диетата со краставици е една од оние на кои нутриционистите поволно гледаат - менито содржи голема количина на растителни влакна, витамини и минерали, богато е со овошни шеќери, па затоа оние кои се на диета нема да имаат желба за слатки, а ова мени е добро и му прави детокс на телото.
Дозволени намирници
-јајца, пилешко бело месо, риба, сирење, кефир, краставици, пиперка, компир, 'ржан леб, спанаќ, сезонско овошје, бадеми, кафе, обична или минерална вода, лимунада без шеќер.
Забранети намирници
-бел леб и пецива од бело брашно, пченкарно брашно, слатки работи, газирани пијалаци, алкохол.
Пример за мени:
-Појадок: две тврдо варени јајца, салата од краставица или шејк од краставица
-Закуска: шејк од краставица или 50 гр бадеми
-Ручек: 150 грама пилешко бело месо, туна во саламура или риба печена во фолија, салата од краставица со свежа пиперка
друга опција: 2 големи варени компири или 2 компири печени во рерна, салата од краставица
трета опција: 100 гр 'ржан леб, салата од краставица
четврта опција: салата од краставица со 150 гр сирење
-Ужина: шејк од краставица или 50 гр бадеми
-Вечера: 300 гр сезонско овошје - јаболка, праски, лубеници, дињи, цреши, малини, капини, кајсии
Рецепт за салата од краставица:
400гр краставица
200мл кефир
малку сол
свежо исецкана мирудија
Рецепт за шејк од краставица:
1краставица
една рака свеж спанаќ
1 јаболка
малку ѓумбир
Ставете ги сите состојки во мешалка, а потоа добро измешајте. Ако вашиот шејк е премногу густ, додадете вода.
Како делуваат?
Краставиците се одличен диуретик, а исто така се полни со растителни влакна, така што чуваат ситост и го елиминираат вишокот течности од организмот. Во комбинација со пилешки протеини, конзервирана туна, риба и сирење, тие поттикнуваат топење на масните наслаги.
Кефир е одличен природен пробиотик кој има корисен ефект врз органите за варење.
Компирите се добар извор на калиум, тие содржат јаглени хидрати без кои нашиот мозок не може да функционира и да чува ситост.
Бадемите содржат есенцијални масни киселини и се одговорни за топење на масните наслаги на желудникот.
Спанаќот е полн со железо, кое нашето тело добро го апсорбира во комбинација со витамин Ц од јаболката.
Колку долго треба да се држите до диетата?
За да ги видите првите резултати, потребно е да се придржувате до препорачаното мени најмалку 7 дена. За губење на тежината до 7 килограми, се препорачува да се придржувате до оваа диета 14 дена по ред. За тоа време, телото ќе се ослободи од насобраните течности, а масните наслаги ќе се стопат.
За подобри резултати, вклучете физичка активност 30 минути на ден.
извор:telegraf.rsфото:Pixabay