„Дигитализација, сега!“: Вебинари за дигитализација за мали и средни бизниси

Добивај вести на Viber

Дигиталните алатки стануваат сè понеопходни за бизнисите, а нивниот трансформативен ефект најмногу дојде до израз во време на Ковид-19 пандемијата која преку ноќ го смени начинот на кој се работи.

Дигитализацијата е тука и ќе остане, а успехот на бизнисите ќе зависи од нивната подготвеност за дигитална трансформација. И покрај тоа што постои мит дека дигитализацијата е комплексен процес кој бара експертиза, напротив станува збор за многу едноставен процес, со кој за брзо време ќе направите пресврт во вашето работење.

Македонски Телеком почнува со серија вебинари – „Дигитализација, сега!“ за вистинските чекори за дигитална трансформација и за приближување на дигиталните услуги до малите и средни претпријатија.

На првиот вебинар, кој ќе се одржи на 3 јуни во 11:00часот  ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето за Дигитален индекс на малите и средни претпријатија, кое за прв пат е спроведено во Македонија од страна на Телекомво соработка со ИПСОС Македонија.

Сите кои се заинтересирани да го посетат овој вебинар, кој ќе се одвива онлајн преку WebEx, можат да се регистрираат на следниот линк.

Македонски Телеком продолжува да едуцира, инспирира и да ги поддржува малите и средни компании во процесот на дигитализација.

Следете нè на LinkedIn пријавете се за вебинарите и откријте го потенцијалот на дигиталните алатки.

Следни вебинари:

-Дигитална канцеларија, секаде - 10 јуни, 2021

-Ве има ли на интернет?- 17 јуни, 2021

-Фактури и потписи на клик- 24 јуни, 2021

-Без безбедност нема ефикасност - 1 јули, 2021

-  Дигитализација - оптимизација - 8 јули, 2021

ПР објава