Здравје // Совети
ДИЛЕМА: Да се мијат рацете со топла или ладна вода?
Температурата на водата нема никакво влијание врз количината на бактерии кои ги миеме од рацете, ниту употребата на антибактерискиот сапун. Разликата во количината бактерии се покажала кај начинот на миење на рацете.
Истражување во Њу Џерси покажало дека за луѓето да отстранат повеќе бактерии потребно е да ги тријат рацете со сапун барем 10 секунди.
„Топлата вода е подобра, бидејќи помага сапунот полесно да се запени, но активноста на при миењето на сапунот од рацете помага подобро да се исчистат рацете“- вели докторката Лиза Ејкли.
Луѓето мораат да се чувствуваат удобно за време и после миењето раце, но што се однесува до ефектот – исто е дали ги миеме рацете со топла или со ладна вода.