Димитар Андоновски по втор пат стана татко: Еве како ќе се вика братчето на Михаил

Пејачот Димитар Андоновски по втор пат стана татко.

Со пријателите и следбениците на социјалните мрежи пред околу половина час објави дека неговата сопруга Христина на свет го донела нивниот втор син.

Бебето ќе го носи името Гаврил.


Токму пред неколку дена во приказна на Инстаграм, Димитар сподели фотографија од бремената сопруга и синчето Михаил кои му порачуваат на малото братче веќе да доаѓа зошто едвај чекаат да го запознаат.

„Ајде мало братче доаѓај ... едвај чекаме да те запознаеме“, стои во емотивната фотка на Инстаграм.

Андоновски е во брак со Христина околу шест години и заедно го имаат синчето Михаил.