Директорката на Инфективна, д-р Стевановиќ: Јас сум за драконски мерки за невакцинираните, бројот на заразени ќе се зголемува
На Клиниката за Инфективни болести во моментов се лекуваат уште само 15 пациенти поради компликации од корона вирусот, дел од нив се со потешка клиничка слика. Во разговор за Фактор, директорката, д-р Милена Стевановиќ вели дека ова е многу мал број на пациенти, за разлика од претходните неколку брана на вирусот, но приказната со Ковид-19, како што вели, не е завршена.
-Бројот на заразени се менува. Секојдневно оди во нагорна линија, пред се поради многу позаразната варијанта од алфа, а тоа е делта сојот. Но, лично не верувам дека овој четврти бран на корона вирусот ќе удри со таква жестина, како што се соочивме во пролетта, и лани есента. Ние сме мала земја, половина милион веќе се вакцинирани, речиси 160.000 луѓе го прележаа вирусот, така што тоа се фактори кои ќе влијаат на големата слика. На Клиниката за инфективни болести, од компликациите на корона вирусот уште само 15 пациенти на кои им е потребно болничко лекување. Навистина, имаме неколку со потешка клиничка слика и мора да кажам дека тоа се пациенти и со други сериозни здравствени состојби. Но, секако тимот на Инфективна е максимално ангажиран околу нивното целосно излекување, посочува д-р Стевановиќ за Фактор.
Посочува дека и покрај тоа што има луѓе кои се вакцинирани, а сепак се заразени со корона вирусот, не очекува притисок врз здравствениот систем, и буквално „тепачка“ за болнички кревет.
Разговорот со д-р Милена Стевановиќ продолжува ОВДЕ