„Директорката рече дека не можам да се запишам во тоа училиште бидејќи немам раце“: Погледнете до каде стигна Дејана денес
Дејана Бачко е родена без лева рака и со недоволно формирана десна. Како мала страдала и плачела, од својата мајка барала да и ги даде нејзините раце а често седела во својата соба каде се криела од светот. И тогаш, еден ден сфатила дека иако нема раце, има крилја. И дека може да лета каде сака и да прави сè што ќе замисли. Со многу труд посветеност и љубов, дипломирала на ликовната академија – цртање и сликање, актуелна е светска шампионка во таеквондо, а се занимава и со стрелаштво.
Таа денес е мајка и често на нејзините социјални мрежи можеме да видиме како си игра со своето бебе и како без пречки и тешкотии се грижи за неа.
Во рамките на емисијата „На работ од пеколот“, таа раскажа како е да се расте без горни екстремитети, прифаќањето себеси низ годините, борбата за место под сонцето, но и за љубовта, успесите …
Денес таа е мајка и сопруга. Девојка со крилјата која има големо срце има илјадници следбеници на социјалните мрежи кои секојдневно и пружаат голема поддршка. Она што таа може да го направи иако нема раце, е за секоја пофалба, а воедно е и голема мотивација дека со силна волја и љубов се во животот може да стане реалност!
Фото:screenshot