Дневен хоркоскоп: Среда и нема да биде толку среќна за два хороскопски знаци
Овен
На средбата со саканата личност нема потреба од мистификација, на таков начин секој станува жртва на сопствените заблуди. Дозволете соработниците да ги докажат своите способности во ситуации кои ве интересираат. Важно е добро да се организирате.
Бик
Посакувате емотивно зближување, но постојат компликации кои ве успоруваат. Важно е да имате добра идеја и силна воља. Потребно е да се договорите со соработниците околу уважување на различните деловни интересни, употребете ги своите дипломатски манири.
Близнаци
Партнерот не сака да ви ги довери своите дилеми, останувате на страна и неволно прифаќате некоја од споредните улоги. Бидете трпеливи. Доволно сте силни за да смислите пригодно оправдување за своите постапки и деловни одлуки.
Рак
Положбата на месечината влијае на вашата емотивна или психичка чувствителност. Потешко од обично ги разликувате своите субјективни желби во однос на реалноста. Новите обврски ги доживувате како товар. Потребно е ситуацијата на деловната сцена да ја анализирате дистанцирано.
Лав
Задржувате емотивна дистанца и делувате премногу внимателно пред партнерот, не сакате некој да ги повреди вашите чувства. Понекогаш љубовта и задоволството не одат заедно. Искуството ве опоменува да останете воздржани, да се потпрете на своето знење и способност.
Девица
Доколку ве оптеретуваат емотивни сомнежи, разговарајте со партнерот и инсистирајте на взаемно докажување на вистината. Ве иритира нечие однесување, бидејќи не сакате кога соработниците ме мешаат во вашата деловна организација.
Вага
Понекогаш треба да се ризикува, особено ако ве инспирира блиска личност. Потпрете се на чувствата. Умеете да оставите сериозен впечаток на околината и да ги организирате соработниците на акција. Затоа, без колебање.
Шкорпија
Делувате вознемирено. Подобро е да ги смирите своите страсти, отколку да ја провоцирате саканата личност на емотивна расправија. Имате лошо претчувство, па поради тоа ги избегнувате интригантните ситуации или личности кои ве иритираат со своето неразбирливо однесување.
Стрелец
Не му обрнувате доволно емотивно внимание на својот партнер, покажете го „поубавиот дел“ од својата личност. Вашите зборови не се доволно јаки аргументи пред личност која одлучува за деловно - финансиските интереси.
Јарец
Добро сте расположени и тоа ја поттикнува вашата сакана личност. Ве очекува пријатна забава и заедничко задоволство. Не верувате во нечии ветувања или во приказна која нема добра „позадина“ и цврста гаранција. Инсистирати на познати факти.
Водолија
Покажувате добра воља, не можете да очекувате среќниот епилог да дојде сам по себе. Потребно ви е нечие разбирање. Нема потреба да влегувате во расправија со личност која има други мерила на вредностите. Достоинствено прифатете ја моменталната позиција.
Риби
Посветете внимание на некои семејни теми и на саканата личност. Потрудете се да исполните нечии очекувања. Важно е да постапите по својата свест и да ги заштитите своите деловно - финансиски интереси.
Извор: astrolook.com