Дневен хороскоп: На ден пред викенд нервозата ќе биде истакната кај еден знак
Овен
Во духот на својата емотивна инспирација планирате романтична забава или нова средба. Ќе ви годи нечие внимание и наклонетост. Нивото на деловно - финансискиот успех зависи од заедничкиот договор или од нечие влијание. На вас е да ја започнете иницијативата.
Бик
Доколку ве мачат дилеми, размислете што е вистинската причина за вашата несигурност. Немојте да го обвинувате партнерот. Се е во ваши раце, но под услов да реагирате во најдобар момент или во склад со заедничко поставените правила.
Близнаци
Кај вас провејува емотивната нота, а кај партнерот смислата за убави и корисни работи. Брилијатно се надополнувате на различни начини. Обратете внимание на различните детали и нечие однесување. Проверете нечие ветување пред деловна соработка.
Рак
Партнерот пробува да ја намали обостраната тензија и да ве расположи со некои нови идеи. Покажете добра воља. Ги преценувате личните можности, нема причина за професионална суета кога е потребно да донесете разумна одлука.
Лав
Ќе ве израдува емотивен сигнал или внимателен гест од некој. Партнерот искрено се труди да ги оствари сите ваши потреби. Потребна ви е дипломатска нота и добра стратегија. Вдружете ги своите интереси со проверени соработници.
Девица
Доколку се сомневате во нечии емотивни намери, тоа не претставува никаков доказ за конечна одлука. Добро размислете за своите интереси и промената на околностите низ кои минувате.
Вага
Бидете промислени во едно изненадна средба, немојте да дозволите лесно да ве заведат нечии комплименти и манири. Некој ве доведува пред свршен чин или во неудобна ситуација. Побарајте добар совет и заштитете ги своите деловни интереси.
Шкорпија
Нема потреба да спроведувате нови емотивни хирови или да и пркосите на саканата личност, бидете одмерени во своите барања. Делувате нескромно во своите изјави пред соработници. Не дозволувајет некој друг да одлучува за условите и деловните интереси.
Стрелец
Потполно задоволство во љубовниот однос може да ви долови само личност која добро го познава вашиот вкус или афинитети. Се што е добро може да биде и подобро, под услов да го вложите својот максимум и да ги пречекорите субјективните граници.
Јарец
Подобро е да не се занесете од нечие комплименти. Првиот впечаток може да ве излаже, бидејќи никој не ги исполнува вашите основни критериуми. Сочувајте ја присебноста и немојте да давате официјални изјави, особено кога некој ве тера да ги пречекорите своите овластувања.
Водолија
Партнерот често ги менува своите одлуки и на тој начин ја поттикнува вашата нервоза. Не сакате кога некој ви соопштува одлуки во последен момент. Планирате случувања не одат во посакуваниот правец, но вие добро се снаоѓате во различните околности на деловната сцена.
Риби
Премногу чувствително реагирате на разни ситници, постојат ситуации кои партнерот ги доживува на поинаков начин. Различно го гледате светот околу себе. Доколку некој ве опоменува да го промените однесувањето или деловните барања, прифатете одреден компромис.