Дневен хороскоп за 11 ноември: Биковите очекуваат турбуленции на сите полиња, Лавовите ќе се зближат со нова личност
ОВЕН
Нестабилна финансиска состојба. Важна уплата доцни, па импровизирате решение. Слободните Овни денес можат да се најдат во дилема, бидејќи на забава ќе им се допадне една личност која не е сингл. Вашите вратни пршлени се изложени на ризик, болката се зголемува со текот на времето, па затоа треба да посетите лекар.
БИК
Овој ден може да ви донесе проблематичен разговор со недобронамерен колега. Можен е конфликт. Врската со партнерот денес може да помине низ краткорочни турбуленции. Можна е жестока расправија меѓу вас. Потребна ви е терапија и нежни масажи.
БЛИЗНАЦИ
Обидете се да бидете во чекор со времето и што е можно поскоро воведете модерна технологија во вашиот бизнис. Ова ќе ви даде конкурентна предност. Односот со партнерот може да помине низ криза на доверба во овој период. Не се нервирајте, бидејќи тоа ќе ве забави во секојдневните активности.
РАК
Внимавајте во управувањето со парите, бидејќи е можен прекин во плаќањата. Сегашните планетарни аспекти управуваат со вашето поле на финансии и можат да го забават темпото. Овој ден ви носи можност да ја обновите комуникацијата со поранешната љубов. Доколку сте постар припадник на овој знак, имате проблеми со ревматизам, кој е почест, бидејќи е поврзан со променливите временски услови.
ЛАВ
Внимателно со парите. Планетарните аспекти на полето на плаќањата може да доведат до неочекуван прекин. Силен впечаток ви оставила личност која неодамна сте ја запознале на патување. Ве очекува зближување. Одете умерено, вклучете се во некоја соодветна физичка активност.
ДЕВИЦА
Ќе бидете пофалени од претпоставените. Постигнавте завидни резултати и тоа ќе се одрази на вашиот напредок. Партнерот делува контрадикторно и не знаете што да очекувате од него. Почекајте тоа време да ви покаже. Можно е да ви е зголемена седиментацијата, па затоа е неопходно да се провери причината за тоа.