Дневен хороскоп за 23.ноември: Шкорпии - нестабилна љубовна состојба, а овој знак ќе помине како бос по трње
Еве што ве очекува денес на астро полето
Овен
Ова е прекрасен ден да се посветите себеси и вашите пријатели. Обидете се да не се преоптоварувате со работа. Личност под знакот Овен ви дава „ветер во грб“. Здравјето е стабилно.
Бик
Посветете се на себе и на своите обврски бидејќи ова е идеален период да завршите се што ви останало од претходно. Важен телефонски разговор со личност во знакот Риби. Здравјето е одлично.
Близнаци
Енергијата ви е многу слаба, фокусирајте се на себе и на вашите потреби. Бидете најважната личност денес и престанете премногу да му угодувате на партнерот. Проблеми со грбот.
Рак
Вашето семејство е голем товар и најдобро е јавно да го искажете вашето мислење. Деловната страна ве преоптоварува, особено односот со личност под знакот Јарец. Направете листа на приоритети.