ДНЕВЕН ХОРОСКОП за четврток: Среќа за два хороскопски знаци
Овен
Ве привлекува нова емотивна игра, употребете го својот шарм и дискретно одговорете на нечиј повик или љубовна порака. Ќе ви годи нова средба. Ве очекува успех, потребно е само да биде снаодливи и брзо да ги решавате работите.
Бик
Ви недостига емотивен поттик, но вие не сакате да се помирите со пасивната улога. Потребно е да преземете потег од кој дури и самите ќе се изненадите. Во однос на новите пријатели, ќе дадете се од себе да оставите добар впечаток.
Близнаци
Некој постојано знае добро да ве расположи. Не го криете своето задоволство, а насмевката претставува најубав украс на вашето лица. Потребна ви е добра концентранција во моментот кога треба да донесете клучна одлука, кога е новата училишна година во прашање.
Рак
Потребно е да се ослободите од сите емотивни сопирачки, посебно ако на тоа ве инспирира личност која ви е блиска. Потпрете се на вашите чувства. Вие сте личност која знае да остави силен впечаток на околината и да ги организира своите пријатели за заедничка акција.
Лав
Немојте да дозволите некој од страна да го свртува вниманието на вашиот партнер. Важно е правилно да ги насочите своите мисли. Доколку на вистински начин се информирате ќе имате успех.
Девица
Некој ве поттикнува на добро расположение. Во склоп на вашите афинитети знаете да создадете романтична атмосфера и да привлечете нечие внимание. Одбивате да прифатите средба со некој пријател кој ве разочарал.
Вага
Ситуациите кои ви изгледаат интересно на вас, саканата личност ги гледа со одредена доза на недоверба или одбивање. Се наоѓате во нова дилема, во однос на тоа дали некој си поигрува со вашата доверба или станува збор за заедничко недоразбирање кога е пријателството во прашање.
Шкорпија
На вашето расположение позитивно делуваат само оние кои добро го знаат вашиот карактер. Внимателно бирајте го вашето друштво. Ве очекуваат пофалби за сработеното од страна на вашите родители.
Стрелец
Забележувате дека на саканата личност и недостига емотивна храброст или искреност да ги изрази своите намери. Размислете за вашите недостатоци. Некој се обидува да ви наметне свое решение или одредени услови. Избегнете различни видови на уценувања или натпреварувачка атмосфера.
Јарец
Во средбата со саканата личност важно е да постојат добро намери кои ве зближуваат. Потребни ви е нечие присуство. Јасно ви е дека некој друг ги одредува правилата во друштвото, што негативно се одразува на вашето расположение.
Водолија
Ако ви значи да влијаете врз партнерот, тогаш потрудете се да бидете малку итри. Во љубовниот однос многу работи се дозволени. Имате доволно храброст да го кажете она што го мислите и во кругот на пријателите. Понекогаш ви е тешко да се помирите со различните уверувања и интереси.
Риби
Бидете доволно искрени и отворени пред партнерот. Зборовите не се доволни, немојте да штедите на своите чувства. Одбивањето на покана не треба да го доживувате емотивно. Избегнувајте ривалство со некоја влијателна личност.