Дневен хороскоп за четврток: Еден знак го мачат проблеми, друг ќе ужива во љубовта

Добивај вести на Viber

Лав

Се трудите проектот кој се наоѓа во завршна фаза да го завршите. Доколку сте сингл, отворени ви се можностите за средба. Се што треба да направите е да се зближите со луѓето и така самите да си ја градите својата судбина.

Девица

Вашата способност да ги држите работите под контрола може да го зајакне вашиот имиџ. Не е исклучено да налетате на некој кој ќе ви се допадне. Доколку сте подготвени за сериозна врска, тоа ќе ви се оствари.

Вага

Работите околу вас се одвиваат брзо и ќе имате многу малку незавршени обврски. Доколку сте во вркса, искористете го времето за да ја зацврстите довербата и да ги разгорите страстите кои одамна ги заборавивте. Ваша заедничка задача е да се потрудите да функционирате како некогаш.

Шкорпија

Ќе се соочите со променлива ситуација во следниот период. Љубомората ви тропна на врата и не умеете да се изборите со неа. Доколку имате помлад партнер покрај себе, на некој начин тоа е оправдано, но само ако е во границите на нормалата.


Претходна страна  Следна страна