Хороскоп // Хороскоп
Дневен хороскоп за четврток: Еден знак може да очекува љубов на далечина
- 17 Декември, 2020
Стрелец
Уживате во обврските и сте добро организирани. Ве очекува ново познанство преку пријателите. Ви се допаѓа начинот на кој другата личност размислува, но и оптимизмот со кој зрачи.
Јарец
Започнувате со промени. Ве очекува љубов на далечина. Ќе се заљубите во личност која живее во странство или далеку од вас.
Водолија
Работите на новите планови, сакате да внесете новина во животот. Потребна ви е поддршката од партнерот во врска со овие идеи. Ви пречи што ја немате неговата помош.
Риби
Фокусирани сте на комуникацијата и таа добро ви оди. Ви претстои средба со поранешниот партнер. Ќе помине во прилично ладна и стерилна атмосфера.