Дневен хороскоп за четврток: Некој ќе ги искористи вашите зборови против вас

Добивај вести на Viber

Овен

Под денешното небо ќе бидете склони да ги повредувате оние кои најмногу ги сакате, најверојатно затоа што тие ќе бидат ваш издувен вентил.Ценете ги лицата кои безусловно ве сакаат. Тие можеби се единствените на светот кои го заслужуваат тоа.

Бик

Некои бикови ќе одат и толку далеку што ќе користат и правни мерки за да ја задоволат правдата. Ништо нема да може да ве запре кога ќе наумите нешто. Целата тврдоглавост ќе ја искористите за постигнување на вашите цели.

Близнаци

Парите не можат да ја купат среќата, но можат да купат нешта кои ве усреќуваат, како омилените чевли или третман за разубавување. Некои близнаци ќе се соочат со љубоморна личност само затоа што си дозволиле да изгледаат прекрасно.

Рак

Денес фантазијата ќе ви биде неисцрпен извор на идеи, па секогаш кога ви е потребно решение, затворете ги очите и препуштете ѝ се на имагинацијата. Некои ракови ќе станат најбарани во нивната област на работа.

Лав

И премногу забава понекогаш уморува. Можеби е време да паузирате и да поминете квалитетно време дома. Погледнете околу себе, им недостигате на вашите најблиски.

Девица

Денес некој ќе ги искористи вашите зборови против вас, па многу е важно да внимавате што изјавувате. Секој збор нека ви биде добро осмислен, особено кога разговарате со лица кои се ваши конкуренти.

Вага

Делче од вашиот живот ќе започне да се менува со брзина на светлината денес, а вие мора брзо да реагирате на промените за да имате контрола над она што се случува. Фокусирајте се на важните нешта наместо да навлегувате во детали.

Шкорпија

Не си земајте се’ при срце. Денес нечие ладно однесување кон вас може да не е воопшто поврзано со вас. Разговарајте со таа личност насамо, можно е да откриете дека минува низ тежок период.

Стрелец

Зошто да го откривате секој детаљ од вашиот живот кога можете да привлекувате љубопитни погледи со својата мистериозност? Денес бидете загатка која луѓето ќе сакаат да ја одгатнат, а не отворена книга.

Јарец

Денес планетите ќе ве направат екстремно чувствителни на зборовите на вашиот партнер, па можно е бурно да реагирате и на коментари кои вообичаено не допираат до вас. Внимавајте какви зборови користите, утре може да жалите за кажаното.

Водолија

Денес ќе бидете склони кон мултитаскинг, па илјадници мисли истовремено ќе струјат низ вашата глава. Нема да биде чудно што сте толку многу расеани, само внимавајте вашите шефови да не го забележат тоа.

Риби

Денес ќе сакате да се забавувате, па постојано ќе смислувате начини како да се пошегувате со колегите на работа, со најблиските дома или со пријателите за време на вечерното излегување. Ќе бидете како мало дете кое нема никакви грижи.