Дневен хороскоп за петок: Еден знак со сериозни семејни проблеми
Овен
На интимен план ќе бидете задоволни. Иако во односот ќе ви недостасува вистинска страст, ќе се задоволите со успешната комуникација. Некој ќе сака да се сретне со вас, а претчувството дека таа личност ќе ви додева, нема да биде далеку од вистината. Внимателно располагајте со парите.
Бик
Би можело да ве растажи неразбирањето од страна на партнерот, но пробајте да му простите. Немојте да дозволите да ве проголта депресивноста и лошото расположение. Поминувајте го времето во мирно окружвање, бидејќи ќе ви смета бучава. Доколку ви е потребен одмор, дајте им до знаење на другите, не се стегајте.
Близнаци
Самите на себе ќе си бидете најважни, а таквата постапка ќе ви ги отвори вратите до успехот. Силниот интелект ќе биде клучен во остварувањето на целите. Ќе знаете како да се поставите, што ќе ви осигура симпатии и наклонетост кон блиските. Со аргументи ќе го кршите отпорот на другите. Друштвениот живот ви носи повеќе причини за среќа од затварањето со самите себе.
Рак
Ќе мора да се снаоѓате на различни начини, за да ги подмирите трошоците или задоволите материјалните барања на блиските. Позајмувања или вложивања ќе бараат повеќе напор. Околината нема да има разбирање за вашите потешкотии. Ќе се повлечете во себе и без задоволство ќе ги споделувате своите проблеми со другите. Повеќе внимавајте на исхраната, откажете се од вечерата.
Лав
Силната воља и мотивација незапирливо ќе те носи кон деловни и љубовни успеси. Пред вас е ден идеален за голема чистка во животот. Се што ќе преземете ќе има добри резултати, затоа насочете се кон остварувањето на најважните цели. Чувајте го здравјето, енергетски слабо стоите.
Девица
На моменти ќе ви биде преку глава од се. Ќе го оставите телефонот да ѕвони, ќе бидете селективни кон луѓето и заситени од површински дружења. Нема да имате нерви и трпение ни за домашните обврски. Ќе бидете расеани, склони кон заборавање и губење на работи, а секојдневните активности ќе ги извршувате без воља. Попладне одморете се.
Вага
Ќе работите на важни работи и во нив ќе вложите многу нерви и време. Предноста е на ваша страна, но имајте на ум дека поради неквалитетната работа на другите, би можеле да се појават потешкотии на кои нема да може да влијаете. Љубовниот живот ќе се одвива на старомоден начин, вкучувајќи го флертувањето и дружењето.
Шкорпија
Бурно ќе реагирате на туѓите изјави и постапки. Премногу внимание ќе дадете на тоа што другите мислат за вас и ќе целите кон тоа прво да ги задоволите туѓите потреби, а потоа своите. Можни се промени во љубовниот однос. Партнерот би можел на неколку дена да отпатува или поради деловни обврски да ги проретчи заедничките средби.
Стрелец
Немате едногласна поддршка од околината, затоа внимателно бирајте со кој ќе имате деловни соработки. Сепак, ова е време кога ќе искристализирате некои површни односи и ќе ги поправите грешките во деловниот свет. Натпреварувачкиот дух би можел да ве натера да вежбате или спортувате.
Јарец
Планетите ве усмеруваат кон прашања поврзани со позајмувања и финансиски планови. Интуицијата ќе ви биде истакната, одлично ќе ги проценувате луѓето и ќе носите вистински одлуки. Новите љубовни почетоци ќе се движат полека, под отежнати околности. Истакната е можноста за врски во која ќе биде присутна разликата во искуството или статусот.
Водолија
Нема да ви оди од рака завршувањето на обврските и одговорностите кои семејството ги носи со себе. Односите со постарите роднини и родителите ќе бидат проблематични. Немојте да ја правите ситуацијата покомплицирана. Можна е поголема исцрпеност со работните активност, па попладневниот одмор ќе ви годи.
Риби
Вашата работа и финански вложувања носат конкретни плодови. Можност за важна средба со моќна личност која ќе ве поддржи. Честите вечерни излегувања ќе бидат одличен лек против негативната психичка состојба. Доколку се уште се во љубов, вие сте на потег да ја донесете конечната одлука. Малку дрскост и рамнодушност не е на одмет.